
Чиста убавина со искрена приказна
Од Мелбурн до Скопје: Како визијата стана реалност?
NOMI не е само бизнис – тоа е лична мисија родена од една едноставна потреба. По години поминати во Австралија, опкружена со лесно достапна, органска и етичка козметика, нашата основачка по враќањето во Македонија се соочи со неочекувана празнина.
‘Зошто чистата, сертифицирана козметика би била привилегија на други пазари, а недостапна кај нас?’
Ова прашање беше искрата. Во 2025 година, заедно со нејзиниот сопруг, го создадоа NOMI - мост кој ги носи светските clean beauty стандарди директно во вашиот дом.

Ирена Б. Гогова
Основач на NOMI
Повеќе од продавница
Твојот водич низ светот на чистата козметика
Ние веруваме дека грижата за себе не смее да биде компромис помеѓу убавината и здравјето. Затоа, NOMI е изграден на два столба кои се грижат за тебе:
nomiandyou.com
Внимателно курирана селекција на врвни светски брендови (како INIKA Organic и RAWW). Секој производ е лично тестиран и избран со највисоки критериуми.
NOMI Magazine
Нашата едукативна база. Тука заедно ја демистифицираме козметиката, учиме како да ги читаме етикетите и како да избереме нега која вистински му одговара на телото.
Зошто NOMI е вистинскиот избор за тебе?
Гарантирана чистота
За нас 'природно' не е само етикета. Нудиме производи со строги меѓународни сертификати: органско потекло, вегански состав, Халал-стандарди и Cruelty-Free.
Целосна транспарентност
Веруваме во информиран избор. Нашата библиотека на состојки е отворена и јасна - сакаме точно да знаете што нанесувате на вашата кожа.
Етика и одржливост
Природата е наш извор, затоа ја почитуваме. Соработуваме исклучиво со партнери кои споделуваат еколошки и етички вредности.
Наши сертификати








Нашата Мисија
NOMI е почеток на едно поинакво движење на Балканот. Сакаме да го направиме безбедниот и органски избор - најлесен избор. Тука сме да докажеме дека врвната козметика не треба да биде луксуз за малкумина, туку стандард за секоја жена која го цени своето здравје.
Добредојдовте на NOMI. Да се грижиме за убавината - паметно и безбедно.