КАКО ГИ ИЗБИРАМЕ ПРОИЗВОДИТЕ
Зад секој производ стои приказна. Зад секоја приказна стои строг процес.
6 чекори. Без компромис.
Потекло и Филозофија на Брендот
Започнуваме од изворот. Кој стои зад брендот? Каква е нивната мисија? Дали нивните вредности се совпаѓаат со нашите? Соработуваме исклучиво со компании кои го споделуваат нашиот став, дека убавината никогаш не смее да биде на сметка на здравјето или на планетата.
Не нè интересираат само убави амбалажи и маркетинг приказни. Гледаме каде се произведува, кој ги формулира производите и дали постои реална посветеност кон чистота и одржливост.

Сертификати и Стандарди
Зборот „природно“ не е доволен. Бараме докази. Секој бренд мора да поседува барем еден од следниве меѓународно признати сертификати:
Овие сертификати не се само значки на амбалажата, тие се гаранција дека независни организации го верификувале секој чекор од производството.

Анализа на Состојки
Ова е делот каде навлегуваме најдлабоко. Ја разгледуваме целата INCI листа на секој производ, состојка по состојка.
Никогаш не прифаќаме:

Лично Тестирање
Ниеден производ не влегува во нашата понуда без да биде лично тестиран од нашиот тим. Не се потпираме само на спецификации и сертификати, сакаме да знаеме како се чувствува на кожата, каква е текстурата, мирисот, колку брзо се впива, какви резултати дава по редовна употреба.
Ако ние не би го користеле секојдневно, нема да ви го понудиме ни вам.

Ефикасност, Резултати што се Гледаат
Чистотата е наш приоритет, но никогаш не правиме компромис со ефикасноста. Секој производ мора да испорача видливи резултати. Органски не значи послаб, напротив.
INIKA Organic, добитник на Global Makeup Awards 2025, доказ дека органската козметика е на врвот по квалитет и перформанси.

Одржливост и Етика
Финалниот критериум е одржливоста. Ја разгледуваме целата слика:
Убавината не смее да остави траги врз планетата.

Што Значи Ова За Вас?
Не продаваме сè, продаваме само она во што навистина веруваме.