Кога австралијците прават козметика, некако секогаш успеваат да ја спојат природата, науката и луксузот во едно. INIKA, сертифициран органски бренд кој доаѓа директно од земјата на бескрајните пустини и суровата природа, знае точно како да создаде производ што работи – и тоа преку ноќ.

А сега да зборуваме за оваа крема… 😍
Phytofuse Renew™ Night Cream е баш таа „погуста“ и хранлива ноќна крема која ни треба во овој период кога температурите паѓаат, кожата се суши побрзо, а бариерата ни вика „помош“.
INIKA OrganicPhytofuse Renew™ Night Cream5,300 ден.Погледни
Во зима, кожата троши повеќе хидратација отколку што можеме да надокнадиме со серуми кои се дел од нашата рутина – затоа побогат ноќен крем е златно правило. Овој од INIKA прави токму тоа:
• 💧 длабинска хидратација
• 🌿 смирување на црвенило
• ✨ поддршка на кожната бариера додека спиеме
• 🌙 будење со мека и нахранета кожа
Текстурата? Кремаста, богата, но не мрсна. Мирисот? Елегантен и природен – баш како што замислуваме една крема за лице дека треба да мириса.
И најважно: се будиш со кожа што изгледа како да си спиела 12 часа, а не 6. 🙃 (а деновиве и двете сме живи ненаспани).

Ако барате вистински winter-skin rescue, оваа крема дефинитивно го заслужува местото во вечерната рутина. ❄️💛

Кремата за која сум од една страна тажна што ја потрошив но од друга страна среќна. Тажна бидејќи оваа крема беше со мене од првото до последното облекување на дебела јакна оваа сезона, среќна бидејќи дебели јакни веќе не ми требаат, како и ваков тип на крема затоа што надвор грее сонце што значи дека иде пролет. So, до наредната ладна сезона, ти благодарам што ми го чуваше лицето низ најниските температури.
