"Ако нешто не е добро за мене додека сум бремена, зошто одеднаш би било сосема во ред потоа?" Ова прашање, вели Ирина ѝ ја сменило целата рутина на нега на кожата. Разговаравме со неа за нејзината врска со природата, активизмот и зошто откако прв пат прочитала декларација на производ, веќе не можела да гледа на органската козметика на ист начин.
Ова не е платена реклама - туку искрена приказна за тоа зошто Ирина застана зад INIKA Organic, брендот кој Nomi and You со гордост го застапува во Скопје.
Природата како учител за грижа за кожата

Планините, ветрот и отвореното небо се твојот втор дом. Како твојата љубов кон природата и активизмот го оформија начинот на кој се грижиш за сопствената кожа и телото?
Природата ме научи дека грижата за себе не треба да биде комплицирана, туку доследна и свесна. Кога поминуваш многу време на планина, изложен си на сонце, ветер, студ и постојани промени на температурата, па почнуваш многу повеќе да ги слушаш потребите на сопственото тело и кожа. Со текот на годините научив дека исто како што внимавам што оставам зад себе во природата, внимавам и што ставам на себе и во себе. Сè повеќе избирам производи со чисти и квалитетни состојки, добра хидратација, заштита од сонце, но и движење и правилна исхрана.
За мене убавината не е само естетика. Таа е одраз на тоа како се однесуваме кон себе, кон сопственото тело и кон средината во која живееме.

Најубавите нешта често се случуваат непланирано. Се сеќаваш ли на моментот кога за прв пат се сретна со Nomi and You?
На Nomi and You налетав сосема случајно, но веднаш ми остави впечаток токму поради двата органски брендови што ги застапува - INIKA и RAWW. Особено ми се допадна тоа што кај нив се препознаваат конкретни карактеристики што ми се важни: природни и внимателно избрани состојки, формули без непотребни и агресивни супстанции, како и фокус на нега, хидратација и заштита на кожата. Кај INIKA ми се допаѓа природниот и минерален пристап кон шминката, со производи што овозможуваат кожата да изгледа свежо и негувано, без чувство на тежина.
Зошто сертификацијата за органска козметика е важна
Колку ти беше важно тоа што формулите на INIKA Organic се 100% сертифицирани органски, етички и чисти, без компромис во луксузното чувство?
Искрено, тоа ми беше најважно. Последниве неколку години, а особено откако станав мајка, многу повеќе внимавам што внесувам во домот, што јадам, што ставам на кожата, па дури и какви материјали носам. Мислам дека вистинскиот „клик" ми се случи уште во првата бременост. Тогаш за првпат почнав да читам декларации и постојано наидував на препораки дека одредени состојки не се препорачуваат во бременоста. И во еден момент си помислив: „Чекај, ако нешто не е добро за мене додека сум бремена или дојам, зошто одеднаш би било сосема во ред за моето тело потоа?"
Тоа прашање ми смени многу работи. Единствено ми е жал што таа свесност не ми дошла порано.

Твојата објава ја започна со зборовите: „Ова не е платена реклама, туку искрена благодарност". Дали чувствуваше дека кога ќе откриеш нешто толку чисто и добро, едноставно имаш желба да го споделиш со заедницата?
Таа моја искрена благодарност, всушност, беше и искрена препорака. Се трудам, особено на помладите девојки што ме следат, да им ја пренесам важноста повторно да се поврземе со природата. Не сакам никому да наметнувам начин на живот, туку преку сопствениот пример да поттикнам малку поголема свесност.
Bakuchiol серум - нежна алтернатива на ретинол
Кожата изложена на планинско сонце, студ и ветер бара сериозно хранење. Се сеќаваш ли на моментот кога забележа дека лицето ти има поинаков сјај?
Интересно е што јас не бев првата што ја забележа разликата. Моите дома први почнаа да ми коментираат дека кожата ми изгледа поинаку, посвежо, поодморено, со некој природен сјај. Дури тогаш почнав и јас повеќе да обрнувам внимание.

Bakuchiol серумот го издвои со зборовите: „It's a must! Подобро нешто немам пробано до сега". Дали ти донесе едно сосема ново, нежно искуство?
Не би рекла дека сум имала некое особено лошо искуство со ретинолот, туку едноставно бакучиолот ми покажа дека постои и понежен пристап. Кај мене разликата беше во тоа што кожата изгледаше свежо, мазно и негувано, без чувството дека користам нешто „агресивно". Затоа и толку спонтано го напишав „It's a must!" - многу брзо стана еден од производите без кои не си ја замислувам мојата рутина!
Вечерната рутина како ритуал за себе
По цел ден на отворено или динамично темпо во градот, твојата рутина изгледа многу посветено. Дали тие неколку минути во бањата ти се простор за мир?
Апсолутно. Особено откако станав мајка, тие неколку минути навечер ми се едни од ретките што се само мои. 😊 Не ја доживувам рутината само како нега на кожата, туку како мал ритуал со кој го завршувам денот и барем накратко си посветувам време на себе.
Топ 3 INIKA Organic производи за почетници
За крај - со кои 2 или 3 INIKA производи би ѝ предложила на секоја жена да ја започне својата Nomi приказна?
Би сакала секоја жена да запомни дека убавината значи да го сакаме и негуваме своето природно издание, без потреба да изгледаме совршено.
Ако треба да изберам три производи со кои би ја започнала Nomi приказната, без размислување би ги одбрала:
Bakuchiol серумот - веќе знаете дека ми е задолжителен :)
INIKA OrganicBakuchiol Serum Natural Retinol Alternative4,034 ден.Погледни
Hyaluronic Hydration Complex - поради длабоката хидратација.
INIKA OrganicHyaluronic Hydration Complex Serum4,182 ден.Погледни
Natural Sunscreen SPF50+ - нешто без кое едноставно не треба да започне ниту еден ден!
INIKA OrganicNatural Sunscreen SPF50+2,545 ден.Погледни
Разговорот со Ирина нè потсети зошто го започнавме ова уште на почеток! Убавината не мора да биде комплицирана, само доследна и искрена кон себе.
Ѝ благодариме на Ирина што го сподели своето искуство толку отворено и се надеваме дека нејзината приказна ќе те инспирира да ја погледнеш и твојата рутина низ малку поинакви очи.
Ако сепак решиш да пробаш нешто ново - знаеш каде да нè најдеш. 🌿

