Да, хијалуронската киселина е веќе во секој производ на пазарот, ама кој не посакува бужи серум за хидратација со дополнителни прекрасности во формулата?

INIKA OrganicHyaluronic Hydration Complex Serum4,920 ден.Погледни

Hyaluronic Acid серумот е ултра-лесен, без масла и на база на вода. Формулиран е со 2% растителна хијалуронска киселина со различни молекуларни тежини кои продираат во различни слоеви на кожата, на тој начин обезбедуваќи длабинска хидратација и спречување на губење на влага од кожата. Но тоа не е се! Формулата содржи и Kakadu слива, која е една од овошките со најголем процент на витамин ц, па оттука овој серум не само што е одличен хидратант, туку е супер избор за антиоксидантен серум. А веќе знаеш дека антиоксиданти на база на витамин Ц се добри не само за справување со слободни радикали, туку и за дејствување на пигментации, подобрување на еластичноста и сјајот на кожата и за поттикнување на кожата сама да создава повеќе колаген.

Текстурата е баш богата и серумот има густа вискозност, што го дава она чувство на бужи производ. Брзо се впива во кожата и не е леплив. Одличен е за слоевита хидратација и баш и дава plump на кожата.

Погоден е за сите типови на кожа, а идеален за дехидрирана, сува, уморна и кожа која има очајна потреба од враќање на сјајот.
Јас понекогаш ја користам и како замена за тонер, со тоа што ја нанесувам на влажна кожа после миење. Ја комбинирам со секакви активни и неактивни состојки и до сега не сум имала никаков проблем со иритации. I love, многу ми помага за дехидрираноста на мојата кожа, и за враќање на сјајот!