Ова партнерство претставува спој на природна убавина, самодоверба и модерна визија за нега на кожата, вредности кои се во самото јадро на нашиот бренд.

Позната по својата природна елеганција, свежина и самоуверено присуство, Чарна ја претставува новата генерација на жени кои ја слават автентичноста и свесната грижа за себе.

Модерна муза на природната убавина

Чарна Невзати брзо стана препознатливо име во светот на убавината и модата. Покрај титулата, таа се истакнува со својата харизма и природна елеганција. Нејзиниот изглед совршено ја одразува филозофијата на clean beauty, пристап кон нега и шминка со внимателно одбрани состојки кои ја почитуваат кожата.

„Многу сум среќна што станувам дел од семејството на Nomi. За мене убавината секогаш била поврзана со самодовербата и грижата за себе, а токму тоа го претставува и овој бренд. Возбудена сум што оваа порака ќе ја споделиме со повеќе жени.“, Чарна Невзати

Чарна Невзати: новото лице на Nomi!

Заедничка филозофија

Во Nomi убавината отсекогаш значела повеќе од изглед. Таа е поврзана со прифаќањето на индивидуалноста и самодовербата што доаѓа од чувството дека си своја. Соработката со Чарна ја отсликува токму таа визија, убавина која е природна, свесна и инспиративна.

„Во Nomi and You отсекогаш сме верувале дека вистинската убавина доаѓа од автентичноста. Чарна совршено ги претставува тие вредности. Нејзината енергија ја прави идеален амбасадор за нашиот бренд.“, Ирена Б. Гогова, основач на Nomi

Што следува?

Како прво лице на Номи, Чарна ќе биде дел од кампањите, настаните и дигиталната содржина на Nomi and You, каде ќе ги споделува своите рутини за убавина. Ова партнерство е возбудлив нов чекор за заедницата на жени кои веруваат дека вистинската убавина започнува со грижа.

✨ Добредојде во Nomi and You, Чарна! Возбудени сме што ја градиме оваа приказна заедно.