Исчистете ја кожата длабински со ова високо-ефикасно природно масло за лице, специјално создадено да ги раствори и извлече сите нечистотии – од најупорната шминка и SPF филтрите, до ситните загадувачи од околината. Формулата е 100% природна и некомедогена, што значи дека чисти темелно без да ги затнува порите и без да остави тежок, мрсен слој.
Основата на ова масло е уникатниот анти-ејџ комплекс од печурки, исклучително богат со антиоксиданси.
Овие адаптогени активни состојки ја трансформираат кожата, придонесувајќи за:
Смирување на кожата и видливо намалување на црвенилото и иритациите.
Постепено избледување на пигментациите и темните дамки.
Измазнување на фините линии и подобрување на текстурата.
Силна заштита од слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење.
По миењето, кожата останува свиленкасто мека, чиста и хидрирана, без непријатно чувство на затегнатост. Маслото е сместено во одржливо стаклено пакување, целосно во духот на чистата козметика (clean beauty) на INIKA. За оптимизирање на ефоктот, потребно е користење на гел/крем чистач по миење со маслото.