Ја препорачуваме оваа серум-пудра бидејќи целосно го менува начинот на кој размислуваме за шминката. Традиционалните течни пудри често ја сушат кожата, ги затнуваат порите и прават лицето да изгледа „зацементирано“ на крајот од денот. Овој производ на INIKA работи обратно, додека ги покрива несовршеностите, тој всушност ја лекува кожата преку инфузија од церамиди. Нејзината течна, серумска текстура воопшто не се чувствува на лицето, а сепак нуди одлична покривност која не се пресликува на облека. Идеална е за сува, зрела или чувствителна кожа која бара сјаен, здрав финиш без компромиси.
Она што ја прави оваа пудра уникатна се нејзините клинички докажани резултати:
Намалување на должината на брчките до 48%
Намалување на ширината на брчките до 39%
Намалување на длабочината на брчките до 26%
Зголемување на хидратацијата до 31%
Зголемување на еластичноста на кожата до 29%.
Мислење на клиентите:
97% се согласуваат дека не предизвикува иритација или појава на акни
93% потврдија дека производот не остава траги (не се пресликува)
93% изјавија дека го прикрива црвенилото, несовршеностите и нерамномерниот тен
87% забележале видливо подобрување на порите и дамките.