Двојно чистење - чекорот што засекогаш ја промени skincare рутината.
За целосно да уживаме во придобивките на козметиката, понекогаш треба да се вратиме на самиот почеток - на моментот кога начинот на кој гледаме на негата на кожата започна целосно да се менува.

Порано, зборувавме само за хигиена. Миење лице наутро, грижа за оралната хигиена и уште неколку основни чекори кои беа дел од секојдневието, без притоа воопшто да ги нарекуваме ‘’рутина’’. Тоа едноставно беше ‘’она што го правиш пред да излезеш од дома’’.
Навечер, шминката најчесто се вадеше со влажно марамче, а оние поискусните имаа и некоја хидратантна крема покрај креветот. И тоа беше сосема доволно.
Сé додека не се појави двојното чистење.
Токму тогаш започна вистинската промена во skincare светот. Одеднаш, чистењето на лицето повеќе не беше само чекор што мора да се направи, туку темел на целата рутина. Бидејќи само добро исчистена кожа може да изгледа здраво, свежо и да ги искористи придобивките од сите производи што следат потоа.
Па така, полека но сигурно, двојното чистење стана незаменлив дел од вечерната рутина на многумина. Денес, тешко е да замислиме легнување со шминка, СПФ или насобрани нечистотии на кожата.

Но, што всушност претставува двојното чистење?
Двојното чистење се состои од два последователни чекори:
Првиот чекор е маслен чистач кој се нанесува на сува кожа со цел да ги растопи шминката, СПФ кремата и сите нечистотии насобрани во текот на денот. Потоа се одмива со млака вода.
- INIKA OrganicAdaptogenic Cleansing Oil2,804 ден.Погледни
- RAW CosmeticsSuper Hydrate-ME Cleansing Oil1,710 ден.Погледни
Вториот чекор е кремаст или гел чистач кој дополнително ја чисти кожата и ги отстранува сите остатоци кои останале по првиот чекор.
И токму тука лежи неговата важност.
Редовното и темелно чистење не е важно само за чувство на чиста кожа, туку и за нејзиниот изглед и здравје. Кога кожата не е соодветно исчистена, остатоците од шминка, СПФ и себум се задржуваат на површината и во порите, поради што тие можат да изгледаат понагласено.
Дополнително, чистата кожа многу подобро ги впива и искористува активните состојки од производите што ги нанесуваме после чистењето.

А можеби токму затоа двојното чистење денес не е само тренд, туку навика без која многумина не можат да ја замислат својата вечерна рутина.
Дали и вие практикувате двојно чистење?

